Ристовска во неизвесност – Ќе може ли да игра против Ростов и на Ф4 во ЛШ? (ФОТО)

Репрезентативката на Македонија која игра во тимот на ЦСКА Москва, Сара Ристовска на првиот дуел против Ростов Дон од финалето во шампионатот на Русија заработи повреда, а сега се појави и фотографија како го напушта теренот на раце на своја колешка.

Реваншот треба да се одигра овој викенд, а составот на ЦСКА се подготвува и за завршниот викенд во Лигата на шампионите. Настапот на Ристовска е неизвесен и уште нема точна информација колку е сериозна повредата.

Сепак, според она што може да се види на фотографијата како ја изнесуваат од терен се работи за повреда која би можела да ја остави без реваншот во финалето на првенството на Русија и без игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите на 29 и 30 мај.