Екипата на Синфин Сантандер каде што настапува интернационалецот Дарко Димитриевски славеше победа на гостувањето кај Цисне со 31:30 во 32. коло од Асобал лигата.
Дарко Димитриевски и колегите успеаја да стигнат до победата иако имаа негатива после првиот дел. После 30 минути игра домашните имаа предност од 18:17.
Сепак, во продолжението Синфин со пресврт освои важни бодови. Димитриевски на дуелот постигна еден гол, а најефикасен беше екс играчот на Еурофарм Пелистер, Владислав Остроушко со осум гола.
Ова беше многу важна победа за Синфин во борбата за опстанок во најдобрата лига во Шпанија. Сега Синфин има четири бода предност и натпревар повеќе од првиот тим во зоната на испаѓање на две кола до крај на првенството.