Тимот на Пролет славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 27-25, но мораше добро да се испоти за новите бодови, кои се важни во битката за место во европските купови следната сезона.
Како што тргна натпреварот во „Македонско Сонце“, домашните си го фатија редот и уште во првиот дел направија солидна залиха од седум погодоци, 16-9, резултат со кој се замина на пауза.
Во второто полувреме избраниците на Александар Јовиќ заиграа многу подобро и најавија камбек во мечот. По дестина минута игра се изборија за минус три, 19-16, а како одминуваше времето, така ја топеа домашната предност.
Битолчани израмнија на 23-23, а потоа беше и 25-25. Дејан Пецаковски реализираше седмерец за 26-25, а гостите направија грешка во нападот и Пролет со уште еден гол преку Ангелов стигна до плус два, 27-25.
Еурофарм Пелистер не реализираше седмерец и мечот заврши со триумф на Пролет, на чија клупа дебитираше Зоран Кастратовиќ. Сега Пролет е близу до место во европските купови, но вакви падови во играта таму сигурно нема да им поминат неказнето.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА