Ракометарите на Прилеп славеа на домашен терен против Работнички со 31:28 во натпревар од 9. коло во плеј-аут групата од Супер лигата.
И двете екипи стартуваа со агресивна одбрана во воведниот дел, а екипата на Работнички имаше водство од 2:3 по пет минути игра. Со неколку интервенции на гостинскиот голман, екипата од Скопје зголеми и на плус два разлика, 2:4.
На избраниците на Горан Кузманоски им требаше неколку минути да се вратат во игра и да израмнат на 4:4. Тренчевски со својот прв гол го донесе и првото водство на домашната екипа од 5:4. Во продолжението, Прилеп беше подобар противник и го градеше солидното водство од три до четири разлика. На полувреме, Прилепчани заминаа со предност од пет гола разлика, 17:12.
Во второто полувреме, Прилеп константно ја одржуваше разликата од првиот дел и на моменти имаше водство и од седум разлика. Работнички беше немоќен да се избори за позитивен резултат и мораше да си замине со пораз од денешното гостување.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА