Сите претходни селектори во Кирил Лазаров гледаа лидер на националниот тим, но нормално е таквата улога сега полека да премине на друг играч.
Капитенот нема „миленик“ кога е оваа улога во прашање, туку остава на процесот, односно тој играч природно да се наметне.
„Лидерот природно ќе си излезе на површина! Не ми се допадна ситуацијата во Египет каде што Кузмановски беше промовиран како нов лидер, му го кажав тоа и нему. Лидер се станува кога ќе ја однесеш твојата екипа во победи, а не кога губиш со 10-15 гола разлика. Истото се случи и во Данска, ние изгубивме со 15 разлика, а го промовираме Кузмановски дека одиграл добро. Лидерот треба да ја носи екипата во победи и тоа да го прави константно без големи осцилации. Очекувам за брзо време лидерот или лидерите природно да се појават. Ние во репрезентацијата имаме типови играчи со огромен квалитет како Манасков и очекувам многу од него веќе на ЕП во Унгарија. Тој е потребен во репрезентацијата на врвно ниво, каков што е и играч, но и репрезентацијата му е потребна нему. Не сакам да се повторувам, но националната селекција е најдобриот ‘излог’ во европскиот и светскиот ракомет. Многу врати се отвораат и затвораат, а тоа нашите играчи треба да го разберат заедно со моментот обединување на цела нација. Тоа е момент што не може да се опише, само може да се почуствува! Не постојат пари на светот со кои можеш да го купиш тоа чувство“, потенцира Лазаров.
Во продолжение прочитајте го комплетното интервју со селекторот Лазаров…
ИНТЕРВЈУ КИРИЛ ЛАЗАРОВ: Селекторскиот предизвик дојде порано, но не сум плашливец!