Едно десно крило помалку во Битола: Мирко Радовиќ заминува од Еурофарм Пелистер

По голманот Градимир Чаневски, уште еден ракометар ќе си замине сигурно од Еурофарм Пелистер на лето.

Станува збор за десното крило Мирко Радовиќ, кој пристигна во клубот уште во времето кога овој тим беше со додавката Работник.

Црногорското десно крило, кое ја игра третата сезона во Битола, со Еурофарм Пелистер играше во ЕХФ Купот, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и во СЕХА лигата, а досега во сите конкуренции има постигнато 69 погодоци.

Во тимот на тренерот Жељко Бабиќ, оваа сезона покрај Радовиќ, на десно крило настапуваат и Ненад Костески и Милан Ѓукиќ.

Двајцата имаат договори за следната сезона, а дали раководството на битолчани ќе донесе трет играч на оваа позиција, останува да видиме во следните денови.