Поранешниот стратег Веселин Вујовиќ е секогаш избор број еден кога се прашуваат навивачите за клупата на Вардар. Се шпекулираше дека Звонко Шундовски може да биде нов тренер на „црвено-црните“, но не е исклучена ниту опцијата странски стратег.
„При послаби игри на Вардар имаше притисоци и од спортски работници, и од новинари, и од навивачи… Ми велеа ’Михајло си заборавил ракомет, не го менуваш Стевче’. Лесно е да замениш некого, но треба да најдеш и соодветна замена. Во тој момент кога беа актуелни тие „приказни“ единствени два слободни тренери беа Зоран Кастратовиќ и Звонко Шундовски, кој се врати од Израел. Јас не сум убеден дека тие двајца се подобри од Стевче Алушовски, а и не сум ни разговарал со никого. Јас му ветив на Стевче шанса и тој ја има мојата комплетна поддршка да ја заврши оваа сезона. За странски тренер размислувам кога имам слободно време за тоа. Што се однесува до Вујовиќ, ние сме добри пријатели, се слушаме од време на време, се консултираме, разменуваме мислења, скоро и се видовме. Неспорно е дека Вујо го сака Вардар и јас ќе разговарам со него и ќе видам каде ќе може да се најдеме во таа соработка. За оваа година му ветив на Алушовски шанса и му ја дадов, дали ја искористи комплетно или не, резултатите кажуваат“, дециден е Михајло Михајловски, сопственикот на Вардар.
Во продолжение погледнете го комплетното интервју…