Битола добива затоплена сала, проблемот во „Боро Чурлевски“ ќе биде решен

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, беше во работна посета на Битола, а на средбата со градоначалничката Наташа Петровска, имаше неколку теми за разговор меѓу кои главната беше за тековните активности на реновирањето на спортските објекти во градот, како и за поддршката која од страна на општината ја добиваат спортските клубови.

Покрај тоа ја посетија и салата „Боро Чурлевски“, при што Мојсоски потенцираше дека ова е една од петте спортски сали во земјава, во која што ќе биде решен проблемот со затоплувањето преку Агенцијата за млади и спорт, во соработка со општина Битола.

Во салата „Боро Чурлевски“ во тек се градежните работи со кои се изведува целосна промена на кровот, како и целосна промена на дотраената и нефункционална инсталација, со што ќе се обезбеди постигнување на енергетска ефикасност на целиот објект.