Женската сениорска репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомечот со Романија за пласман на Светското првенство во Шпанија.
Првиот меч се игра в сабота, на 17 април, а сениорките ќе патуваат за романската престолнина со чартер лет во петок во 16:00 часот.
По краткото патување, избраничките на Симе Симовски веројатно ќе тренираат во салата „Поливалента“ во Букурешт.
Натпреварот се игра в сабота со почеток во 17:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 21 април во истиот термин.