Екипата на Пролет која денеска имаше порасположени ракометари на дербито против Бутел Скопје и успеа да го добие дуелот со 22:21.
Во натпревар кој имаше периоди на добра игра и од едната и од другата екипа решаваа моментите на поголема инспирација кај дел од играчите. Ангелов, кој веќе имаше двоцифрен број на бодови, одлично ги предводеше колегите така што помогна со интервенциите за да се дојде до победата на овој дуел.
Пролет водеше од првиот напад. Имаше постојано гол до два предност, а највисоката позитива од четири гола беше достигната при 8:4. После тајм-аутот на средината од првото полувреме гостите почнаа да играат подобро и тоа допринесе за до крајот на првиот дел да се стигне до резултат 10:10.
Овој резултат најави интересно продолжение на средбата, а можеше да се види дека и во второто полувреме работите одат во посакуваниот правец. Гостите имаа само еден гол до 45. минута, а тоа се должеше и на неколку одбранети зицери од Ангелов. Воедно ова овозможи предноста на средина од полувремето да биде 16:11.
Тука гостите имаа одново тајм-аут кој повторно ги врати во натпреварот. Сепак, успеаја само да намалат. Стигнаа до гол негатива на 17 секунди до крајот од натпреварот, а потоа Пролет тргна тешко во последниот напад. Бутел играше пресинг, а тоа влијаеше на комбинирањето, па Матлиески бараше тајм-аут. Во последниот напад играчите на Пролет додаваа, па го потрошија времето за победа од 22:21 и три бода.
Последниот напад заврши со пад на Пејовиќ кој во обид да шутира имаше лош пад, па заврши надвор од теренот за да му укаже помош.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА