Ракометарите на Вардар се вратија на победнички патеки по високиот пораз од Веспрем во Лигата на шампионите и славеа над Струга со 36-22 во натпревар од 5. коло во суперлигашкиот плеј-оф.
По почетните 1-1, вардарци направија серија од девет погодоци за 10-1 и беше јасно каква игра ќе се гледа до крајот на мечот. Победникот беше решен уште по првиот дел кога Вардар водеше со десет разлика, 20-10.
Стратегот Стевче Алушовски на теренот го имаше само македонскиот дел од Вардар – Димитриоски, Карапалевски, Јагуриновски, Атанасовски, Талески, Мишевски, Кизиќ, помогнати од Валчак и Векиќ, но и тоа беше доволно за убедлив триумф.
На крајот вардарци остварија победа од 14 голови разлика, 36-22. Во следното коло Вардар ќе игра дома со Пролет, додека Струга ја чека езерско дерби на домашен терен против Охрид.