Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува незгодно гостување во регионалната СЕХА лига кај Татран Прешов.
Средниот бек Дарио Петровски вели дека густиот распоред е шанса за помладите ракометари од ростерот на битолчани да покажат што и колку можат.
„Имаме густ распоред, играме на секои два три дена и малку има простор за одмор. Потребно е да се изротира ростерот, сите 20-тина ракометари за да се одиграат на ниво сите натпревари. Ова е шанса за нас помладите, да покажеме низ поголемата минутажа дека можеме да се носиме со сите противници“, изјави Петровски.
Натпреварот меѓу Татран Прешов и Еурофарм се игра утре во „Татран Арена“ со почеток во 17:45 часот.