Екипата на Еурофарм Пелистер очекувашемногу повеќе на дуелот против Вардар, но на дербито не успеа да прикаже игра каква што се очекуваше пред почетокот на средбата.
Тимот од Битола претрпе пораз од 27:35 така што има големо заостанување од овој натпревар бидејќи осум разлика може да биде пресудна разлика во меѓусебниот дуел.
Голманот Градимир Чаневски вели дека сепак разликата може да биде надоместена на вториот дуел во Битола.
„Честитки за противникот за победата. Нашите технички грешки направија да биде голема разликата. Мора да го погледнеме убаво овој меч и да анализираме, да ги поправиме грешките. Има уште еден натпревар, ако загубивме со осум разлика, како што Вардар не победи со осум разлика, така можеме и ние. Може да имаме добар ден во Битола и да победиме. Наше е дотогаш да ги поправиме грешките и да анализираме“, изјави Чаневски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кој треба да се одигра во вториот дел од плеј-оф сезоната би требало да биде на средината од мај и тогаш може веќе да падне одлука кој состав ќе биде новиот шампион.