Екипите на Бутел Скопје и Струга одиграа интересен натпревар на стартот од 3. коло во Супер машката лига, a домашните беа подобри за еден погодок и славеа со 22:21.
Првите неколку минути беа со предност на гостите, а потоа следуваше подобра игра на домашните. Тие успеаја да го преземат водството и откако поведоа со 5:3 успеаја да издржат постојано на два гола предност.
Стружани успеаја да парираат и да бидат рамноправен противник, но само се одржуваа на негативата од два гола. Практично се следеа во играта и постојано Бутел Скопје беше во предност така што немаше поголем проблем за да се обезбеди предност од два гола, 12:10, на крајот од првите 30 минути.
После 12:10 на полувреме домашните одлично го отворија вториот дел. Успеаја набрзина да дојдат до 17:13 и овие четири гола им гарантираа сигурност. Сепак, место тоа во продолжението гостите имаа свои минути.
Полека успеаја да се стабилизираат, а откако Бутел имаше 19:15 дојде до серија од 4:0 и на десет минути до крајот беше нерешено 19:19. После три минути надигрување домашните одново поведоа, а минута подоцна тимот на Струга можеше одново да израмни, но Блажески успеа да интервенира.
Бутел Скопје успеа да дојде до два гола предност користејќи ги одбраните на Блажески, а потоа овие два гола ги чуваше. Гостите испуштија 2-3 шанси за да стигнат до нерешен резултат. Намалија на 22:21, а потоа на 23 секунди домашните побараа и тајм-аут и искусно ја зачуваа топката за победа и три важни поени.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА