Хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ кој скоро месец дена е надвор од составот на Вардар, би требало викендов да се врати на терените.
Toј веројатно ќе го има камбекот на ракометниот терен против поранешниот тим Еурофарм Пелистер, на дербито што е прва меч-топка за титулата за една од двете екипи.
Јотиќ не настапи на дуелите против Елверум во Лигата на шампионите, како и на натпреварот со Мешков Брест, а ги пропушти и СЕХА натпреварите против Мотор и Нексе, аможно е да има ограничена минутажа од тренерот Алушовски во дуелот со битолчани.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот.