Хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ е предмет на интерес на бундеслигашот Лајпциг, пишува „Билд“.
Германскиот тим бара замена за плејмејкерот Филип Вебер, а Јотиќ може да одговори и на левата и на средната бековска позиција.
„Замената за Филип Вебер кој заминува во Магдебург треба да биде позната наскоро. Откако преговорите со Холанѓанецот, Лук Стеинс не вродија со плод, алтернатива за клубот е хрватскиот бек Ловро Јотиќ“, пишуваат Германците.
Јотиќ дојде во Вардар минатото лето откако пропадна трансферот во португалската Бенфика, а потпиша договор на две сезони со „црвено-црниот“ тим. Доколку Лајпциг навистина сака да го ангажира, ќе треба да биде подготвен и да плати оштета.
Пред да дојде во Македонија и да го облече дресот на Еурофарм Пелистер, настапуваше за Загреб, Дубрава и Алборг