Екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Пролет одиграа максимално израмнет натпревар во плеј-оф конкуренцијата од Супер лигата кој на крај го доби гостинската екипа со 21:23.
Од самиот почеток резултатот постојано беше израмнет, ниту една од екипите не успеваше да направи повисока предност. Така беше сè до 20. минута и резултат 8:8, а потоа следуваше подобар период на Пролет кога гостите обезбедија водство на полувреме.
Во последните десетина минути Пролет стигна до највисоката предност што ја имаше една од екипите на натпреварот. На полувреме гостите водеа 10:13. Вториот дел продолжи во ист ритам како и првиот дел. Еурофарм Пелистер 2 долго беше во негатива но во 46. минута повторно израмнија на 18:18.
Еурофарм Пелистер 2 – Пролет
Во последните десетина минути од натпреварот двете екипи тешко постигнуваа голови, Еурофарм Пелистер 2 имаше период од седум минути без постигнат гол што беше клучно за победникот на натпреварот. Пролет тоа го искористи да влезе со преднсот во завршницата.
Во последните две минути Пролет влезе со два гола предност, 20:22 Еурофарм Пелистер 2 имаше можност од седмерец да намали на минус еден но Ангелов се истакна на голот и одбрани со што беше решен победникот.
Натпреварот беше доста борбен со многу исклучувања, а во редовите на Еурофарм Пелистер 2 двајца играчи го завршија натпреварот предвреме. После еден остар старт на почетокот на второто полувреме Павле Петровиќ доби директен црвен картон, а Стефан Дрогришки заради трето исклучување го заврши натпреварот во 51. минута.
Во продолжение клучната одбрана на Петар Ангелов од завршните моменти од мечот.