Натурализацијата во женскиот ракомет во 90-тите години на минатиот век го донесе најголемиот успех и на клупски и на репрезентативен план и тоа никој не го оспорува, но имаше негативен ефект врз градењето на македонските ракометарки.
„Натурализацијата беше и тоа како актуелна, и можеби сум субјективна, но сум го почувствувала на себе и затоа така зборувам, ние-домашните ракометарки бевме многу запоставени. Бевме во втор план, додека тие од надвор беа повеќе ценети. Со натурализирањето вистина е дека ги направивме најголемите успеси со националниот тим, па и она што се случи во женскиот ракомет, тоа никој не го оспорува, но каде беа македонските ракометарки во таа ситуација. Промената на генерацијата е нешто што природно следи, но она што ни се случуваше во репрезентацијата по ЕП 2012 беше и одраз на реалноста. Ќе дадам пример, кога бев во Кометал Ѓорче Петров, во втората екипа која ја водеше Лефтер имаше врвни македонски играчи и тој побара да се натпреваруваме во Суперлигата како и Кометал. Не ни дозволија со објаснување дека две екипи со исто име не можело во една лига. Како да не можеше да се смени името на екипата? Но, ете го чекорот назад и од таму е јасен и падот и во клубовите и во репрезентацијата“, вели поранешната голманка на Македонија, Тања Андрејева.
Подолу прочитајте го комплетното интервју со Андрејева…
ИНТЕРВЈУ ТАЊА АНДРЕЈЕВА: Со малку повеќе самодоверба девојките врвот ќе го имаат на ЕП 2022