Ракометарите на Тиквеш остварија лесна и убедлива победа на домашен терен против Астраион со 39:25 во рамки на 2. коло од плеј-аут натпреварувањето во Супер машката лига.
Фаворитот на натпреварот целосно ја оправда улогата и од почеток до крај имаше целосна контрола на играта и резултатот. Тиквеш поведе со 4:2, а многу брзо потоа беше и 10:4. Уште во почетниот период домашниот тим најави дека нема да дозволи изненадување на свој терен.
До крајот на првото полувреме Астраион немаше сили да пружи посилен отпор, Тиквеш доминираше и го полнеше противничкиот гол. После 30 минути игра речиси беше познат победникот кога Тиквеш имаше водство од 22:11.
И второто полувреме во целост им припадна на домашните ракометари, а разликата достигна и највисоки 15 гола за конечен убедлив триумф. Откако беше познат победникот двајцата тренери им дадоа шанса на помладите и ракометарите кои добиваат помала минутажа. Ова беше втора победа за Тиквеш, додека Астраион го доживеа вториот пораз во борбата за опстанок.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА