Подравка продолжува да се засилува, донесе поранешна ракометарка на Вардар

Екипата на Подравка одлучи да донесе ракометарка која пред неколку сезони играше за тимот на Вардар, Дијана Илина, а со тоа полека почна комплетирањето тимот за следната сезона.

Иако за Илина беше заинтересиран и Кастамону, сепак, репрезентативката на Белорусија реши да ја прифати понудата на Подравка.

Илина оваа сезона настапува во романскиот шампионат за екипата на Глорија Бистрица. Во својата кариера го носеше дресот на Гомел и Астраханочка, а беше дел и од поранешниот шампион на Македонија, Вардар.

Пред извесен период Подравка се засили со младите репрезентативки на Хрватска и Романија, Лариса Калаус и Бјанка Базалиу.