Стојковска со фантастична партија, го води Цвикау кон Бундес лигата

Тимот на Цвикау, каде што игра македонската репрезентативка Симона Стојковска, со големи чекори оди кон Бундес лигата.

Цвикау имаше убедливо издание против составот на Херенберг на гостински терен и забележа победа од 15 голови разлика 22-37.

Стојковска беше прв стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне седум погодоци од 11 обиди.

Формата на битолчанката може само да го радува селекторот Симе Симовски пред квалификацискиот турнир за баражот за СП.

Цвикау има победничка серија во втората Бундеслига и со 33 бодови е лидер на табелата. Во следното коло Цвикау ќе игра на гости кај Кирхоф.