Продолжува бејби-бумот во редовите на „фармацевтите“. По Марин Вегар, Благојче Трајкоски, Јосип Периќ, и Стипе Мандалиниќ стана татко.
Втората радост во семејството на левиот бек на Еурофарм Пелистер е девојче, кое веќе го доби името и ќе се вика Луција.
Од претходно, хрватскиот репрезентативец и неговата сопруга Матеа го имаат синот Ловре.
Мандалиниќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер и наредната сезона останува во Битола.