Украина со рутински триумф над Фарски Острови

Ракометарите на Украина играат според планот во квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка следната година.

Избраниците на Николај Степанец на домашен терен остварија рутински триумф над аутсајдерот во групата Фарски Острови, со 25-21.

Иако на моменти гостинската селекција парираше на овој натпревар, сепак поискусниот украински тим не дозволи изненадување.

Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Акименко со седум и Горига со четири погодоци, додека Јохансен даде четири гола за Фарски Острови.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]