Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за дуелите од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Машката репрезентација на Македонија ќе се соочи со светскиот првак Данска, а првиот натпревар во Скопје ќе го судат српските арбитри Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ, додека делегат е Марјан начевски.
Овој дуел се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот.
Вториот натпревар меѓу Данска и Македонија ќе се игра во Алборг, в недела во „Јутландер Банк Арена“ од 16:00 часот, а ќе го водат унгарските судии Петер Хорват и и Балаж Мартон, додека делегат е Данецот Јорн Мелер Нилсен.