Селекторот Кире Лазаров ја имаше првата прозивка на повиканите ракометари пред двомечот од квалификациите за ЕП против светскиот првак Данска.
Заедно со новиот стручен штаб – Јоновски, Миркуловски, Црвенкоска и Ангеловски, Лазаров ќе го подготвува нациоанлниот тим за големиот предизвик.
На првиот собир од повиканите 23 ракометари не беа присутни оние што викендов имаат клупски обврски, а репрезентацијата би требало да биде комплетна за тренинзите во понеделник.
собир репрезентација
Првиот натпревар со Данска ќе се игра во Скопје на 11 март од 20:00 часот, додека вториот е во Алборг на 14 март од 16:00 часот.