После одигрувањето на денешните натпревари во Лигата на Европа заврши групната фаза и познати се сите осминафинални двојки. Натпреварите во нокаут фазата се очекува да бидат многу израмнети и неизвесни.
Од македонските претставници Еурофарм Пелистер обезбеди пласман во осминафиналето како четвртопласиран во групата Д и во нокаут фазата ќе има тешка задача против Магдебург. Металург ги заврши натпреварувањата после групната фаза откако во последното коло одигра нерешено портив Адемар.
Победниците на четирите групи Висла Плоцк, Магдебург, Фуксе Берлин и Рајн Некар се очекува да имаат полесна задача во првото елиминациско коло. Некои од поинтересните дуели се очекува да бидат Чеховски Медведи – Ним и ЦСКА Москва – ГОГ.
ЛИГА НА ЕВРОПА, ОСМИНАФИНАЛЕ
ВИСЛА ПЛОЦК – СПОРТИНГ
АДЕМАР – КРИСТИЈАНШТАД
ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – НИМ
ФУКСЕ БЕРЛИН – ФИВЕРС
МАГДЕБУРГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ЦСКА МОСКВА – ГОГ ГУДМЕ
МОНПЕЛЈЕ – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН
РАЈН НЕКАР – НЕКСЕ