Селекторот на машката репрезентација на Македонија го објави скратениот список за претстојните натпревари против Данска во рамките на квалификациите за Европското првенство 2022 година.
Лазаров се реши за проверени имиња и не експериментираше премногу со составот за првиот негов предизвик како селектор.
Меѓу новајлиите има само двајца и тоа од Голден Арт КЛ7 – левите бекови Игор Ѓорѓиев и Емилијан Ѓорговски. Сите останати веќе биле на поширок список и на собир на националниот тим.
Собирот е закажан на 6 март точно на пладне.
Македонија и Данска ќе играат на 11 март во Скопје од 20:00 часот, додека вториот дуел се игра во Алборг на 14 март од 16:00 часот.