Кантегрел: Се боревме цел натпревар, се надевам ќе ги освоиме сите бодови до крајот

Ракометарите на Вардар по долг период од четири месеци забележаа победа во Лигата на шампионите.

Беше совладан норвешкиот Елверум со 35-32, а голманот Робен Кантегрел вели дека борбеноста дошла до израз на овој дуел и уште еднаш ја искажа поддршката за португалскиот голман Кинтана.

„Нашите мисли се со Алфредо Кинтана, и моите и на соиграчите. Имав неколку одбрани во финишот, но во првиот дел Елверум имаше подобра одбрана. Се боревме цел натпревар кој беше неизвесен до крајот, а ќе се бориме до крајот на групната фаза и се надевам дека ќе ги освоиме сите можни бодови“, вели Кантегрел.

Следен предизвик за вардарци ќе бидат дуелите против Мотор во СЕХА на 27 февруари, додека во ЛШ, следува дуел со Мешков Брест на 4 март во Скопје.

Ефикасно и победнички: Вардар се разбуди, после четири месеци со триумф во Лигата на шампионите