ИЗЈАВАТА НА САРАЧЕВИЌ ШТО ЌЕ СЕ ПАМЕТИ: Јас станав играч на жешкиот терен во Битола…

Трагичната вест за смртта на легендата на хрватскиот ракомет, Златко Сарачевиќ, го потресе целиот Балкан.

Тренерот на Подравка, порано како предводник на Загреб беше чест гостин во Македонија, а како играч своевремено играл против Пелистер.

Неговата легендарната изјава дадена пред шест години, ќе се памети уште долго…

„Теренот во Битола беше најжешкиот во свет. Публика од 5.000 луѓе во сала и уште толку надвор, па уште и Мате Шундовски навива. Така се прават ракометари. Јас станав играч зошто играв на такви терени. После тоа кога ќе играш 15.000 публика не ти е ништо бидејќи си ја преживеал Битола. Секогаш беше убаво да се игра во Битола и тоа е нешто што секогаш ти останува во животот. Сега кога ќе се сетам се наежувам“, изјави тогаш Сарачевиќ.

Трагедија: Почина легендата на хрватскиот и светски ракомет, Златан Сарачевиќ