Саздовска го дозна ривалот, против Баја Маре за место на Ф4

Со финиширањето на групната фаза од Лигата на Европа во женска конкуренција веќе дојде до формирање на четирите двојки кои ќе ги дадат учесниците на Ф4 турнирот.

Три екипи од Русија, две од Романија и по една од Данска, Франција и Унгарија си најдоа место во четвртфиналето, па ќе биде доста интересно бидејќи ќе има четири интересни пресметки од кои е јасно дека Романија ќе има сигурен учесник на завршниот турнир.

Трите руски тимови добија ривали од различни земји така што е сосема извесно дека ќе има доста надигрување.

Македонија има своја претставничка во репрезентативката Јована Саздовска која игра во редовите на Дунареа Браила.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ЖЕНИ

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

ЛАДА (Русија) – ХЕРНИНГ ИКАСТ (Данска)

ЗВЕЗДА ЗВЕНИГОРОД (Русија) – НАНТ (Франција)

ДУНАРЕА БРАИЛА (Романија) – БАЈА МАРЕ (Романија)

АСТРАХАНОЧКА  (Русија) – ШИОФОК (Унгарија)

Првите натпревари се играат на 27 и 28 февруари, а реваншите се на 3 и 4 април.