Сара Ристовска перфектна за убедлив триумф против Ижевск

Екипата на ЦСКА Москва славеше убедлива победа против Ижевск со резултат 37:13 во рамките од 18. коло од Супер лигата во првенството на Русија.

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, иако не одигра многу време на теренот, сепак, беше меѓу најефикасните стрелци со пет погодоци од исто толку обиди. На полувреме резултатот беше 19:7 за ЦСКА Москва.

Со денешниот триумф ЦСКА Москва стигна на второто место на табелата со 30 бодови. Исто толку бодови има и главниот конкурент за втората позиција, Лада Тољати, но поради подобрата гол разлика избраничките на Јан Лесли се во подобра позиција.

Следен предизвик за ЦСКА Москва во домашниот шампионат е фаворитот за освојување на Лигата на шампионите, Ростов Дон. Натпреварот е закажан за во недела со почеток од 14 часот.