Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ останува на својот стил на водење на натпреварите што можеше да се види и на натпреварот кој неговиот нов тим Борац од Бања Лука го одигра со Горење во Словенија.
На средбата од Европскиот куп која се играше во Велење на четири минути до крајот на натпреварот имаше вербален дуел со делегатот, но и со клупата на Горење.
Проблемот се случи откако во 56. минута на теренот се најдоа осум ракометари на Борац. Делегатот тоа не го забележа, но на интервенција на клупата на Горење по што имаше санкција и исклучување на еден играч на Борац.
„Ти мене ми велиш ‘те боли’. Дали тоа е жаргон кој се користи во разговор со тренерот меѓу другото“, беше прашањето на Вујовиќ до делегатот Пожежник.
На ова се вмеша и тренерот на Горање, Зоран Јовичиќ.
„Дали нешто те излажаа?“
„Не, но делегатот тоа не го виде“, му одговори Вујовиќ, кој не можеше да се помири со фактот дека остана со играч помалку.
Средбата заврши со победа на Горење од 32:28. Реваншот се игра во Бања Лука в сабота и ќе биде максимално интересно.