Мандалиниќ: Почнав со спорт за да не ме „земе“ улицата!

Ракометот на Еурофарм Пелистер Стипе Мандалиниќ, кој е роден во Сплит, во викенд интервјуто за 24ракомет откри интересни детали за себе, меѓу кои и зошто се насочил кон спортот.

„Тренирав пливање, па веслање, фудбал, кошарка, па на крај ракомет. Многу добро ми одеше кошарка, но мислам дека желбата за ракомет ја добив од ТВ, кога гледав еден настап на хрватската репрезентација. Ми се допадна спортот и одеднаш одлучив дека тоа сакам да тренирам. Ми се случи некој „клик“ во главата, му кажав на татко ми дека сакам да сменам спорт, тој немаше проблем со тоа, ми рече што сакаш – тоа, му беше важно само нешто да тренирам и да не бидам на улица, затоа што Сплит е таков град и улицата брзо те „зема“. Така преминав во ракомет, прво играв голман, за по два-три месеци тренирање да увидат дека можам да играм бек, затоа што имам таков шут каков што имам и така тргнува мојот пат во спортот и ракометната кариера. На почетокот играв низ два-три помали клуба во Сплит, а потоа кога созреав малку како играч, односно на 17 години ме забележаа во Карловац, прволигашки клуб и со нив потпишав прв професионален договор, две години сум таму и потоа во Загреб. Загреб е моја отскочна штица во кариерата, каде играв и за првата екипа, но и за јуниорите и станав јуниорски репрезентативец“, се потсетува Стипе.

Комплетното интервју погледнете го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ СТИПЕ МАНДАЛИНИЌ: Еурофарм Пелистер е „сите за еден и еден за сите“ – средина која ветува успех