Хрватскиот интернационалец во редовите на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ вели дека за него бил шок трансферот од четири милионскиот Берлин, во Битола, но дека брзо се навикнал.
Топлите луѓе, мирот и љубовта кон ракометот е она што посебно му значи, како и фактот дека сите ја посакуваат шампионската титула.
„Берлин има четири милиони луѓе, каде никој за ништо не те прашува и секој гледа за себе. Одеднаш доаѓам во Битола, мал град, секој секого знае и сите знаат дека дошол нов играч. Сите те поздравуваат, ти велат „Ајде титула во Битола“ (се смее) Хаос, но луѓето се такви, а и ова е Балкан, поинаку се живее, но убаво е сето тоа… Она што ми недостасува најмногу во сала се навивачите. Ги гледав снимките од натпреварите со Веспрем во СЕХА и тој амбиент во салата, да се наежиш. Факт е дека навивачите се тој ’ветар во грб’ кој нас нè носи кога е тешко и кога доаѓаш во фаза кога губиш сила и концентрација. На нивното навивање не можеш да останеш рамнодушен, особено тука, во Битола каде луѓето живеат за ракомет. Знам за историјата која ја има Пелистер и верувам дека оваа екипа може да врати дел од таа еуфорија и таа слава.“
Комплетното интервју со Стипе Мандалиниќ прочитајте го во продолжение…