Непоразениот тим во регуларниот дел од Суперлигата, Охрид, славеше на првиот од договорените два пријателски натпревари против црногорскиот шампион Ловќен.
Избраниците на Раде Стојановиќ победија со три разлика, 25-22, а и по првото полувреме ја имаа истата предност, 13-10.
Гостите во вториот дел намалија на минус еден, но охриѓани не дозволија комплетен камбек на Ловќен и искусно си ја вратија позитивата и го завршија натпреварот со триумф.
Во составот на Охрид се истакнаа Филип Николов со седум голови, Игор Чагаљ со четири и Филип Кривокапиќ со три. Голманскиот тандем Никола Даниловски и Јагош Брауновиќ искомбинира 17 одбрани.