Руси на теренот и за Еурофарм Пелистер

Покрај Вардар, арбитри од Русија ќе има и за тимот на Еурофарм Пелистер и тоа за следниот дуел од Лигата на Европа кој ќе биде одигран во Битола во вторник.

Од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ гостува составот на ГОГ од Данска, а на теренот ќе бидат арбитрите Константин Ершов и Антов Пављуков.

На овој дуел делегатот ќе биде од Македонија исто како и на средбата Вардар-Пик Сегед. Делегиран е Ацо Николовски.

Ова ќе биде натпревар на кој се очекува тимот на Еурофарм Пелистер да се избори за нова победа и да ја продолжи убавата серија на резултати во Лигата на Европа.