Веспрем се врати на победите, Целје немаше сили за 60 минути надигрување

Ракометарите на Веспрем го совладаа Целје во Словенија со резултат 29:25 во натпревар од Групата Б од Лигата на шампионите. Отпорот на Целје траеше само во првото полувреме, додека во вториот дел гостите не дозволија изненадување.

Првиот дел домашните ракометари го почнаа добро и им парираа на поквалитетните ракометари на Веспрем. Во првите десет минути се играше израмнето и со добра одбрана. Домен Новак со својот прв гол го израмни резултатот на 6:6. Веспрем со комбиниран состав немаше проблеми и ги постави првите три разлика преку Хорхе Македа за 7:10. Младите Словенци со брза игра и транзиција го намалија водството на 9:10 преку Драгашевиќ и Хоржен. Со грешки на двете страни, Веспрем беше поснаодлив и замина на полувреме со предност од два разлика, 16:14.

Во вториот дел унгарскиот шампион беше подобриот тим на теренот. Техничките грешки се зголемуваа кај домашната екипа во желбата за изненадување. Веспрем го одржуваше рутински водството од три до четири разлика, а носители на играта кај тимот од Унгарија беа Мате Лекаи и Хорхе Македа. Последните 15 минути од натпреварот беа формалност, а непознато беше само со колку разлика ракометарите на Веспрем ќе триумфираат.

Најефикасен ракометар во редовите на Веспрем беше Гашпер Маргуч со пет голови. Во шампионот на Словенија, Матич Грошељ ја предводеше листата на стрелци со шест погодоци. Победата над Целје беше седма за ракометарите на Веспрем, додека Целје има запишано само три победи во Лигата на шампионите.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107