Агенцијата за млади и спорт ги објави износите на ваучерите што ќе ги добијат спортските клубови и федерации.
Спротивно на претходните најави, шампионот Вардар ќе добие ваучер со 19.000.000 денари или речиси 310.000 евра додека Еурофарм Пелистер и Металург ќе добијат ист износ – 17.500.000 денари или 285.000 евра.
Кај женските клубови, во споредба со претходните поделби има зголемени износи на ваучери, па така ваучер со најголем износ доби Металург – 4.000.000 денари, додека од прволигашите најголем ваучер доби Аеродром – 1.600.000 денари.
Од сите спортски федерации, најголем ваучер добива Ракометната федерација – 16.000.000 денари.