Женската сениорска репрезентација на Македонија ги доби терминити во рамките од квалификациите за обезбедување бараж натпревари за престојното Светско првенство во Шпанија.
Светското првенство во Шпанија ќе се одржи од 1 декември и ќе заврши на 19 декември, 2021 година.
Репрезентацијата на Македонија е во група заедно со Грција, Исланд и Литванија. Се работи за добро познати противници и шансата за обезбедување бараж натпревар на нашата репрезентација се големи.
Домаќин на нашата квалификациска група ќе биде Скопје.
Распоред на натпревари:
19 март, 17:45 часот, Македонија – Исланд
20 март, 17:45 часот, Македонија – Литванија
21 март, 17:45 часот, Македонија – Грција
Бараж натпреварите ќе се играат од 16 до 21 април, 2021 година. На Светското првенство во Шпанија освен домашната селекција директно место обезбеди и Холандија како актуелен светски шампион. Во Шпанија вкупно ќе учествуваат 32 репрезентации.