Ракометарот кој ги засили редовите на Металург, Василија Калуѓеровиќ денеска го одработи првиот тренинг за тимот од Автокоманда.
Калуѓеровиќ се запозна со момците со кои во иднина ќе ја дели соблекувалната и минутажата на теренот и се очекува да биде засилување за тимот во бековската линија.
Како што веќе информиравме се работи за ракометар кој има 22 години и е репрезентативец на Црна Гора и играч кој секако ќе биде од голема помош за Металург особено во плеј-оф битката.
Тој нема да биде дел од тимот на Металург на дуелите против Висла Плоцк, но затоа ќе биде од голема помош за следните средби на кои се очекува составот од Автокоманда да почне да ја крева формата.