Ѓер ја декласираше Подравка

Во рамките на Б групата од Лигата на шампионите во женска конкуренција, Ѓер немаше проблеми против Подравка и славеше убедлива победа со резултат 15:33 во Копривница. Избраничките на Габор Дани предводени од Вероника Кристиансен, како и одличната голманка Амандин Лејно ја запишаа деветтата победа.

Ѓер фуриозно тргна на самиот почеток и веќе во 7 минута имаше водство од 1:6. Домашната екипа во наредните минути беше добра во одбраната и со серија од неколку голови успеа да се врати во игра. И покрај одличните интервенции на голманката на Подравка, Јулија Думанска, ракометарките на Подравка со заминаа со пет негатива во првиот дел, 8:13.

Во вториот дел, Ѓер со брза игра го зголемуваше водството од минута во минута. Подравка немаше доволно сили и ротации од клупата за пристоен пораз.

Единствена светла точка во таборот на Подравка беше Цакалу Ламприни со седум погодоци. Во листата на стрелци кај Ѓер се запишаа 10 ракометарки, а најефикасна беше Вероника Кристиансен со шест погодоци.