Ракометарите на Металург денеска гостуваат во Русија каде што го играат натпреварот од Лигата на Европа против Чеховски медведи.
Ова е средба со која и металурзите го отвораат февруари со дуели на меѓународна сцена, а денеска не се во најдобра ситуација. Причината е во фактот што во составот имаат само 11 ракометари така што нема да биде воопшто лесно.
Средбата почнува од 18 часот, а на Металург е да се обиде да одигра колку може подобро. Ќе биде навистина тешко, но треба да се одработи задачата.
Овој дуел може да се следи на програмите на Македонската телевизија, а доколку не сте пред ТВ приемниците тоа може да го направите на некој од следните линкови.