Тимот на Јехона, кој се подготвува за плеј-оф битките во прволигашката конкуренција одигра пријателски натпревар против Кичево.
Избраниците на Фари Селмани остварија убедлива победа над младиот гостински тим и славеа со 12 голови разлика, 36-24. Во договор меѓу двете екипи, натпреварот се играше две полувремиња по 35 минути.
Обврските за прволигашите стартуваат во последната недела од февруари со натпреварите од Купот на Македонија, а потоа ќе се играат и плеј-оф и плеј-аут дуелите.
Јехона ќе се бори за место во баражот за Суперлига со Куманово, Вардар Неготино, Аеродорм, Скопје, Металург РА, Драчево и Шампион.