Легендарни трансфери: Кисељева ја „украдовме“ од Будуќност

Во саботното интервју за 24ракомет претседателот на Кометал Ѓорче Петров, Иван Бојков открива како биле правени дел од легендарните трансфери во редовите на македонскиот тим. Се потсети на неколку, меѓу кои и на Русинката Лариса Кисељева.

„Со Будуќност бевме големи пријатели, но и големи ривали, а тие не можеа да се помират со фактот дека ние бевме многу посилна екипа од нив, иако имаа трипати поголем буџет од нашиот. Со толку пари не можеа да се доближат во четвртфинале во ЛШ. Паметам како им ја украдовме Кисељева. Таа беше руска репрезентативка и добра другарка со Аврамова, која пак се омажи со мој пријател и така дојдов до информација дека таа не е среќна во Будуќност. Тоа се првите денови кога почнаа да прават силна екипа, Кисељева не беше среќна и незадоволна таму, не ја плаќале редовно. Ја исконтактирав и ѝ пратив автомобил, кој ја чекаше во хотел „Златица“ во Подгорица. Таа се искраде од станот и избега за Скопје и така си замина од клубот. Дојде во Кометал пресреќна, се промени како личност и го остави срцето на терен. Кисељева тука стана европски играч.“

Подолу прочитајте го целосното интервју со Бојков…

ИНТЕРВЈУ ИВАН БОЈКОВ: Од Кометал никој не сакаше да си замине