Одложен уште еден дуел: Францускиот Тулуз нема да гостува кај Металург!

Натпреварот од седмото коло во Лигата на Европа меѓу тимовите на Металург и Тулуз е одложен и нема да се игра во предвидениот термин на 9 февруари во Скопје.

Канцеларијата на ЕХФ ги информираше двата клуба дека од француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикиции што ги вовела државата за лицата што не се од ЕУ – задолжителен карантин при пристигнување.

Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа тимот на Тулуз нема да допатува во Скопје, иако од претходно биле резервирани авионски билети.

Овој натпревар требаше да се игра на 9 февруари од 20:45 часот, а дали ќе има простор двата клуба да се договорат за нов термин најдоцна до 4 март, останува да видиме следните денови.

Металурзите викендов во Чехов, ќе го одиграат заостанатиот натпревар против Чеховски Медведи, а истиот ривал ќе допатува во Македонија на 20 февруари за возвратниот дуел.