Ракометарите на Вардар беа поразени на гостувањето кај Порто со 27-24, иако имаа шанса во финишот да се изборат за нешто повеќе.
Стратегот Стевче Алушовски вели дека проблематични биле многубројните грешки во нападот кога требаше да се реализира.
„Честитки за Порто за победата.Бевме добри на стартот на мечот, посебно во одбраната. Но имавме проблеми со нападот. Порто беше добар во брзите контранапади. Ги казнија сите наши грешки со брзи голови. Во последните десет минути направивме многу грешки во нападите, во додавањата. На Порто му посакувам се најдобро, а ние мора да ги поправиме сите грешки за понатаму. Имаме многу натпревари во овој месец февруари“, изјави Алушовски.
Следен предизвик за вардарци ќе биде двобојот со некогашниот стратег Раул Гонзалес и ПСЖ во Франција.