По поразот од тимот на Охрид, Голден Арт КЛ7 ја забележа првата победа на пријателските натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Избраниците на Игор Котевски го надиграа прволигашот Шампион и победија со 33-24, а уште од стартот имаа висока предност што не беше испуштена до крајот.
Следниот натпревар ГА КЛ7 ќе го игра в сабота против уште еден учесник во плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2.
КЛ7 ќе има тешка задача и ќе се бори за опстанок во суперлигашкото друштво со Астраион, Тиквеш, Работнички, Младост Богданци, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Прилеп.