Ракометарот кој учествуваше во освојувањето на сите титули во последните 6-7 години, Тимур Дибиров и пред дуелот против Порто верува дека средбата во Португалија ќе го даде патот за Вардар кон нови успеси.
Тој смета дека на овој дуел вардарци ќе можат да тргнат во убав февруари и после двете победи во СЕХА да имаат добри резултати и во Лигата на шампионите.
„На Светското првенство видовме дека репрезентацијата на Португалија практично е цело Порто. Играта е убава и на ист начин играат и репрезентацијата и клубот. Многу е опасно од сите позиции. Тимот на Порто игра особено добро на домашен терен. Очекувам тежок натпревар, а доколку сакаме погоре на табелата тогаш мораме да победиме и од Порто да го почнеме својот добар пат во вториот дел од сезоната. Сега после два месеци без натпревар влеговме малку по малку во ритам и очекуваме дека на секој натпревар екипата ќе биде подобра“, вели Дибиров.
На првиот натпревар Дибиров постигна три гола, a дефинитивно утревечер од 20:45 часот може да се очекува да биде исто така добро.