Денеска на терените: Вардар на нов СЕХА дуел, гостува тимот на Нексе

Ракометарите на Вардар денеска ќе имаат нов натпревар во СЕХА лигата, а следува дуел против екипата на Нексе од Нашице.

И на оваа средба „црвено-црните“ се со улогата на фаворити така што се очекува да немаат поголеми проблеми за да дојдат до победата. Доколку оди според планот ова ќе биде уште еден дуел на кој ќе се освојат два бода и ќе се продолжи со остварување на зацртаното.

Денеска ќе има и дуел од Лигата на шампионите во женска конкуренција, а на терен ќе се најдат составите на Подравка и ЦСКА Москва.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

15:00ч

ИЗЕВСК – КРАСНОДАР (Русија Супер лига, жени)

15:30ч

АСТРАХАНОЧКА – РОСТОВ ДОН (Русија Супер лига, жени)

17:00ч

ПОДРАВКА – ЦСКА МОСКВА (Лига на шампиони, жени)

18:00ч

ПИК СЕГЕД – ЧЕГЛЕДИ (Унгарија 1)

19:00ч

ХАЛБИ – ХЕЛСИНБОРГ (Шведска 1)

20:15ч

ВАРДАР – НЕКСЕ (СЕХА лига)