Искусниот стратег Никола Филипов Фујка не е повеќе предводник на прволигашот Вардар Неготино.
Од раководството на неготинскиот клуб не беа задоволни од играта на тимот, иако беше обезбедено учество во плеј-офот за суперлигашки бараж.
На кормилото на Вардар ќе се врати ракометарот Ратко Велјанов, кој веќе го предводеше тимот пред да дојде Филипов и ќе ја има улогата тренер-играч.
Неготинци ќе се борат за бараж со Скопје, Аеродром, Металург РА, Куманово, Драчево, Јехона и Шампион.